Бенефит Плус Скопје, ја поседува и менаџира оваа веб странa прикачена кон доменот www.advokat.org.mk, како и кон други домени (во понатамошниот текст “Бенефит Плус”, “Benefit Plus”, “Benefit+”, “ние”, “наше” или “нас”) и нејзините мобилни апликации и верзии. Со употреба на оваа страница Вие (во понатамошниот текст “Вие” или “крајниот корисник”) изрично и неотповикливо се согласувате со Општите услови, како што следат подолу.

I. Интелектуална сопственост

Ве молиме да имате во предвид дека оваа страна може да содржи заштитен материјал, авторски права, трговски марки и други сопственички информации, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на текст, софтвер, слики, лого, видео, графика, музика и звук. Се што се наоѓа на оваа страна е во исклучива сопственост на Бенефит Плус или на соодветен член-автор. СЕКОЕ КОПИРАЊЕ, ДИСТРИБУИРАЊЕ, ПРЕНЕСУВАЊЕ, ПОСТИРАЊЕ, ПОСТАВУВАЊЕ ЛИНКОВИ, МОДИФИЦИРАЊЕ, ИЛИ ДРУГО ПРОТИВЗАКОНСКО ДЕЈСТВИЕ, ИЛИ НА БИЛО КОЈ ДРУГ НАЧИН КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНАТА, ДЕЛУМНО ИЛИ ЦЕЛОСНО БЕЗ ИЗРЕЧНА ПИСМЕНА ДОЗВОЛА ОД БЕНЕФИТ ПЛУС ОДНОСНО АВТОРОТ Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО. Со користењето на страната, се согласувате дека нема да ја репродуцирате, дистрибуирате, пренесувате, препродавате било која содржина, добиена преку страната без претходно писмено одобрување од наша страна или соодветниот автор. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права или друга интелектуална сопственост, а прекршителот во ваков случај подлежи на одговорност за надомест на штета.

Бенефит Плус го задржува правото да ја избрише секоја содржина поставена на станата, која ги крши авторските права на трети лица, врз основа на претходно известување испратено до Бенефит Плус од страна на сопственикот на авторските права или правни агенти на авторските права на сопственикот. Без оглед на горенаведеното, доколку Вие сметате дека заштитен материјал бил копиран или објавен на оваа страна на начин на кој ги прекршува правата на сопственост, би требало да не известите, со испраќање на следните информации: а) електронски или физички потпис на лицето овластено да дејствува во име на сопственикот на авторските права; (б) идентификација и локација на веб-страната која ја содржи заштитената содржина, која вие трвдите дека е злоупотребена; (в) писмена изјава од вас дека имате добра причина за верување дека користењето на материјалот не е со овластување од страна на сопственикот, неговиот агент, или согласно законот; (г) вашето име и контакт информации, како телефонски број или e-mail адреса и (д) изјава од вас дека горенаведените информации се прецизни и точни, и тврдење дека сте сопственикот на авторските права или овластени да дејствувате во име на сопственикот на авторските права.

II. Општи услови за гаранција

КРАЈНИОТ КОРИСНИК ИЗРИЧНО СЕ СОГЛАСУВА ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ОВАА СТРАНА Е ПОД НЕГОВА ОДГОВОРНОСТ. НИТУ БЕНЕФИТ ПЛУС, НИТУ НЕГОВИТЕ ПОДРУЖНИЦИ, НИТУ НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ, СОРАБОТНИЦИ, ПРОВАЈДЕРИТЕ НА СОДРЖИНА ИЛИ ДАВАТЕЛИ НА ЛИЦЕНЦА ИЛИ НЕКОЈ ОД НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ, ДИРЕКТОРИ, АГЕНТИ, НЕ ГАРАНТИРААТ ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА СТРАНАТА ЌЕ БИДЕ НЕПРЕКИНАТО, БЕЗ ВИРУСИ ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ; НИТУ ПАК ГАРАНТИРААТ ЗА (А) РЕЗУЛТАТИТЕ, КОИ МОЖАТ ДА СЕ ДОБИЈАТ ОД УПОТРЕБА НА ОВАА СТРАНА, ИЛИ БИЛО КОЈА ПОТСТРАНА, ИЛИ ЗА (Б) ТОЧНОСТА, ВЕРОДОСТОЈНОСТА ИЛИ ЦЕЛОСНОСТА НА СОДРЖИНАТА НА СТРАНАТА, ВКЛУЧИТЕЛНО, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА ИНФОРМАЦИИТЕ КОИ СЕ ДОСТАПНИ НА СТРАНАТА; КОРИСНИЧКАТА СОДРЖИНА ДАДЕНА ПРЕКУ СТРАНАТА; И/ИЛИ ДРУГИ ПОДАТОЦИ.

III. Ограничување на одговорноста

БЕНЕФИТ ПЛУС, НЕГОВИТЕ ВРАБОТЕНИ, СОРАБОТНИЦИ ИЛИ ДРУГИ ЛИЦА КОИ ДЕЛУВААТ ВО ИМЕ НА БЕНЕФИТ ПЛУС ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ НЕ СЕ ОДГОВОРНИ ЗА БИЛО КОИ ПОСРЕДНИ, СЛУЧАЈНИ, СПЕЦИЈАЛНИ, ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ШТЕТИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД, ИЛИ СЕ ПОВРЗАНИ СО (А) ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА СТРАНАТА, СОДРЖИНАТА, КОРИСНИЧКАТА СОДРЖИНА И ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ СОДРЖАНИ НА САЈТОТ, (Б) ВАШАТА НЕМОЖНОСТ ДА ЈА КОРИСТИТЕ СТРАНАТА, (В) ПРОМЕНА ИЛИ ОТСТРАНУВАЊЕ НА СОДРЖИНА ПОСТАВЕНА НА СТРАНАТА, (Г) И/ИЛИ ДРУГИ ОКОЛНОСТИ.

IV. Содржина од трети лица

Бенефит Плус, слично како и секој друг сервис провајдер, е дистрибутер (а не издавач) на содржини, обезбедени од страна на трети лица и членови/автори. Соодветно на тоа, Бенефит Плус нема уредувачка контрола врз таквите содржини. Секое мислење, совет, извештај, услуга, понуда, или други информации или содржини изразени или ставени на располагање од страна на трети лица, вклучувајќи ги и информациите на профилите, или на било кое друго место се поставени од соодветниот член или автор, а не од Бенефит Плус.

Во многу случаи, содржината достапна преку оваа страна претставува мислења и расудувања на одредени лица кои ги поставиле информациите, а истите се или на наши членови, или на други корисници на страната. Бенефит Плус ниту ги поддржува, ниту е одговорен за исправноста и веродостојноста на било коемислење, напис, изјава или било каква друга содржина на страната без разлика од кој истата е поставена. Под никакви околности Бенефит Плус нема да биде одговорен за било каква загуба или оштетување на крајниот корисник предизвикано од негово потпирање врз информациите добиени преку оваа страна. Одговорност на крајниот корисник е да ја оцени точноста, комплетноста или корисноста на било која информација, мислење, совет, или друга содржина достапна преку оваа страна.

Оваа страна содржи линкови до веб-страни на трети лица кои се одржуваат од други лица. Овие линкови се ставени на располагање за вас, но истите на никаков начин не претставуваат наша поддршка на содржината на овие трети лица. Бенефит Плус изречно ја отфрла одговорноста во поглед на содржината и точноста на материјалите на таквите веб страни на трети лица.