Најди Адвокат претставува електронски регистар на адвокати, адвокатски канцеларии и друштва од Македонија. Таа е проект на БЕНЕФИТ ПЛУС, чија главна цел е помош на граѓаните при наоѓање на адвокат преку поедноставување и модернизација на комуникацијата помеѓу граѓаните и адвокатите.
Преку Најди Адвокат сакаме да им овозможиме на граѓаните подобар пристап до адвокатит. Се залагаме за подобро информирање на граѓаните преку интернет, јакнење на јавната свест за улогата на адвокатот во општеството, етаблирање на адвокатската професија и зацврснување на авторитетот на адвокатот.
Други цели на БЕНЕФИТ ПЛУС се:
- Активен придонес кон процесот за полесен пристап до информации;
- Информирање на граѓаните за нивните права и обврски;
- Давање на упатства и насочување на граѓаните за полесно заштитување на нивните права;
- Соработка и помош за полесна заштита на личните и заеднички интереси на граѓаните;
- Залагање за намалување на невработеноста;
- Други задачи и цели кои не се во спротивност со Уставот и законите на РМ;
Повеќе за користењето на страната Најди Адвокат дознајте тука.