Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на оваа веб страна, и објаснува како Бенефит Плус (“Benefit.Plus”, “Benefit+”, “нас”, “ние” и “нашите”) ги користи вашите податоци, а се однесува на оваа веб странa прикачена кон доменот www.advokat.org.mk, како и кон другите домени, мобилните верзии на веб сајтот, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност. Со пристaпување или со користење на оваа страна се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци.

ИЗМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Го задржуваме правото повремено да ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци согласно новите практики, како и во случај на додавање нова функционалност или опција на сајтот.

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со перименливите прописи за заштита на лични податоци.

Политиката за зашите на лични податоци е организирана на следниот начин:

Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници, Лични податоци и Не-лични податоци кога имате интеракција со нас или нашата страница, односно кога:

  • пристапувате или ја користите страницата;
  • се регистрирате, се зачленувате или креирате профил на страницата;
  • ги отворате или одговарате на нашите email пораки;
  • давате податоци за да се вклучите или учествувате во програми организирани од или нашите членови; и
  • оставате коментари на сајтот;

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некоја активности на веб-страница, како на пример креирање на профил, комуницирање со нас или со нашите членови, додавање на содржина и/или објавување на содржина во форуми за дискусија, пополнување на анкета, објавување на мислење, објавување на соджина на страната, може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас. Не е задолжително за да се вклучите во некоја активност која бара идентификација. Ако одберете да се вклучите во некоја активност која бара идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса, телефонски број и/или нешто друго. Со впуштањето во било која активност на страницата се претпоставува дека сте ја дале Вашата согласност за користењето на Ваквите податоци.

Ако Вие сте член или сакате да се зачлените и да платите ја платите Вашата членарина преку нашата страна, како и во случај доколку сакате да не поддржите со донација, пожелно е да знаете дека за ваквите плаќања преку нашата станица, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а истите се процесираат преку https безбедносна конекција и сигурносни сервиери преку платежниот процесинг систем на ХалкБанк. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.

НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор (“URL”) на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, типот на пребарувачот што го користите и вашиот Интернет протокол (“IP”) адреса. Ние, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како “Cookies” и Web beacons или Пиксел тагови, како што е опишано во точките 4 и 8 на оваа Политика за заштита на лични податоци.

Иако податоците се користат со добра намера и цели можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате. Вашите податоци можете да ги уредите со најава на Вашата корисничка сметка. Ве молиме имајте предвид дека без разлика дали ќе се отчлените од добивање промотивни пораки, ние ќе ви испраќаме административни пораки со информации за зачленување или потврда за одредена активност која сте ја презеле преку Вашиот профил. Ако не сакате да добивате промотивни пораки од нас, во секое време може да одберете да не примате промотивни пораки со притискање на “отчлени се” копчето на дното од било која од нашите е-пораки и потоа следете ги инстукциите за да го комплетирате отчленувањето.

Можете да одберете како Вашиот пребарувач зачувува Колачиња (анг. Cookies) со подесување во самиот пребарувач. Пребарувачите се различни, затоа следете ги инструкциите на пребарувачот зависно кој го користите.

Исто така може да одберете кои податоци ги споделувате со нас кога се поврзувате со нас преку Социјалните мрежи или апликации. Ве молиме погледнете ја Политиката за приватност и подесувањата на социјалните мрежи.

Ние  ги користиме собраните податоци кои се образложени во оваа Полтика за заштита на лични податоци со цел:

  • да го подобриме работењето на страната;
  • да комуницираме и ве информираме за дополнителни работи;
  • да ви испраќаме потсетници, известувања, административни пораки, промотивни пораки и барани информации;
  • да аминистрираме анкети, натпревари или други активности или настани организирани од нас; и
  • да ги водиме секојдневните активности како администрација на страната, менаџирање на форумот, анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите, и за други работи.

Ние во никој случај нема да ги споделувме, продаваме или изнајмуваме Вашите лични податоци на други лица, а истите со сигурност ќе бидат употребувани единствено заради целите на оваа страна.

 

Страната може да биде пристапена или да содржи делови каде што можете јавно да споделите информации, да комуницирате со други лица, како што се форуми за дискусија или блогови. Овие информации може да бидат достапни на други корисници и компании и може да се појавуваат на други интернет страници или веб пребарувања и затоа овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. На пример, ако ја објавите вашата е-маил адреса заедно со Вашето мислење може да добиете несакани пораки поради злоупотреба на Вашата адреса од трети лица. Ние немаме контрола над тоа кој го чита вашиот пост или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што ви се доброволно изложени, па затоа Ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични податоци. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивната критика или коментар.